Русија ќе преземе мерки, ако Финска ја укине забраната за распоредување на нуклеарно оружје

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека Москва ќе преземе политички и воено-технички мерки како одговор на плановите на Финска, земја-членка на НАТО, да ја суспендира долгогодишната забрана за распоредување на нуклеарно оружје на нејзина територија.

– Тоа претставува реална закана по националната безбедност на Русија и Москва ќе преземе брзи и ефективни мерки, за соодветно да го приспособи својот воен и политички став, наведе Захарова.

Таа додаде дека со распоредување на нуклеарно оружје во земјата, Финска ќе биде поранлива.

Финска, која со Русија има граница долга 1.340 километри, во март соопшти дека ќе го смени Законот за нуклеарно оружје од времето на Студената војна за да го усогласи со своите скандинавски соседи, потег што би овозможил распоредување атомски бомби на финска територија во време на војна.

МИА

Најчитани вести