Уште едно здраво јадење полно со зеленчук..
Состојки:
- 2 средни модри патлиџани
- 1 голем кромид
- 1 праз
- 1 чешне лук
- 1 свежа црвена пиперка
- 100 грама свежи печурки
- 2 големи домати
- сол, бибер, свеж магдонос,пармезан
- маслиново масло
Подготовка:
Исечете го модриот патлиџан на половина по должина, извадете ја средината со лажица и исечете ги на коцки. Пржете ситно исецкан кромид и праз во маслиново масло. Додадете лук и исецкана пиперка.
Пржете сè кратко време, потоа додадете ги коцките модри патлиџани. Зачинете по вкус. Исечете ги печурките на листови, додадете ги во остатокот од зеленчукот и крчкајте уште неколку минути. На крајот додадете домати исечени на коцки.
Ставете ги издлабените половинки од модри патлиџани во тава за печење, наполнете ги со подготвениот фил и наросете со пармезан, сецкан магдонос и малку маслиново масло. Ставете малку вода и масло околу нив.
Печете 30 минути во претходно загреана рерна на 200 степени додека зеленчукот не омекне. Сервирајте топло!
МИА


