Еден од фаворитите за завршницата на Светското првенство селекцијата на Германија неочекувано беше изненадена од Парагвај во 1/16 финалето. Но, германскиот тим постигна гол во продолжението преку Џонатан Тах, кој судијата Џалај Џајед го поништи поради фаул над голманот.
За дадената ситуација и поништениот гол, Јирген Клоп, кој е во улога на аналитичар изјави:
– Арсенал немаше да биде шампион на Англија, постигнаа 60% од головите на тој начин. Ние ќе победевме голот да важеше.
Парагвај по изведувањето на пенали со 4:3 ја совлада Германија, откако натпреварот заврши 1:1.
МИА


