Ладна салата со тестенини и пилешко

Освежителна, вкусна и лесна за подготовка, оваа ладна салата со тестенини е совршен избор за летен ручек, вечера или како оброк што лесно се носи на работа. Комбинацијата од пилешко месо, свеж зеленчук и пармезан создава богат вкус кој ќе го освои секој љубител на лесни и хранливи јадења.

Потребни состојки за салатата:

  • 250 грама фусили тестенини 
  • 120 грама шери домати
  • 1 свежа краставица
  • 150 грама пржен пилешки стек
  • 2 лажици ситно сечкан свеж магдонос
  • 25 грама рендан пармезан


За преливот:

  • 4 лажици маслиново масло
  • ½ лажичка медитерански зачин
  • свежо мелен црн бибер по вкус
  • морска сол по вкус
  • 2–3 лажици свежо исцеден сок од лимон или балсамико оцет


Начин на подготовка:

Сварете ги тестенините според упатството на пакувањето. Исцедете ги, исплакнете ги со ладна вода и оставете ги целосно да се изладат. Шери доматите пресечете ги на половина, краставицата исечете ја на коцки, а пилешкиот стек на тенки ленти или коцки.

Додајте гo сечканиот магдонос  и посолете по вкус. Во посебен сад измешајте ги маслиновото масло, медитеранскиот зачин, црниот бибер и сокот од лимон или балсамико оцет. Во голем сад соединете ги тестенините со останатите состојки, прелијте со преливот и внимателно промешајте. На крај посипете со рендан пармезан.

Послужете ја салатата добро изладена како самостоен оброк или како вкусен прилог.

МИА

Најчитани вести