Хрисохоидис: Во грчките затвори се околу 2.000 Турци од турската мафија

Околу 2.000 Турци, мафијаши, од мафијашките криминални групи, се наоѓаат во грчките затвори, откри министерот за заштита на граѓаните на Грција Михалис Хрисохоидис во интервјуто за телевизијата „Скај“, објаснувајќи дека членови на турската мафија доаѓаат во Грција и ги расчистуваат нивните сметки, јави дописничката на МИА од Атина.

Министерот во чија надлежност е полицијата, рече дека во Грција не постојат многу мафии, посочувајќи дека полицијата успеала во голема мера да ја ограничи грчката, иако не е целосно разбиена и додаде дека еден друг проблем е турската мафија.

Тој објасни дека продолжува целиот процес на истрага и разбивање на турските криминални организации, кои ги расчистуваат сметките на грчка територија.

– Но, размерите на мафијата во Турција се многу големи. Ние соработуваме и јас лично со мојот колега, како и нашите служби меѓусебно, со цел да ги разбиеме овие криминални групи кои доаѓаат овде за расчистување на сметките. Повторувам, се вложуваат големи напори, објасни Хрисохоидис.

Тој како пример го спомена последниот случај кога 28-годишен турски државјани во понеделникот беше уапсен за убиството на 25-годишен, исто така турски државјанин, извршено на средината на јуни во центарот на Атина.

– Како што видовте и во овој случај сторителот беше уапсен. Не постои ниту едно нерасчистено убиство. Она што е потребно е, кога ќе се случи едно убиство, да следува апсење, за криминалецот да биде отстранет од криминалното подземје. И токму тоа беше сторено, објасни министерот. 

МИА

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести