Рок-групата „Ју-ту“ објави сингл и најави нов албум

Ирскиот поп-рок-состав „Ју-ту“ го објави новиот сингл „Street of Dreams“ (Улица на соништата). Ова е првата песна од нивниот нов албум што ќе биде објавен подоцна оваа година преку „Ајланд рекордс“ (Island Records), објави продукциската група „Јуниверзал мјузик груп“ (Universal Music Group) денеска.

Песната е продуцирана од долгогодишната соработничка на ирскиот бенд Џекниф Ли, а видеспотот е снимен во Мексико Сити во мај, каде што бендот се натпреваруваше во финалето на „Светското детско улично првенство“ (Street Child World Cup). „Интересно е што снимањето беше нарушено од ненадејна бура што привремено го прекина сѐ тоа, по што едно семејство оттаму му го отстапи на бендот својот стан за да можат да завршат дел од снимките на нивниот балкон“, се вели во соопштението.

Патем, групата составена од пејачот Боно, гитаристот Еџ, басистот Адам Клејтон и тапанарот Лари Мулен Џуниор, неодамна ги објави и двете проширени изданија „Days of Ash“ и „Easter Lily“.

Објавувањето на синглот доаѓа во време кога „Ју-ту“ прославуваат 50 години од нивното основање во Даблин.  

МИА

Најчитани вести