Шакира, по 20 годишна пауза повторно со концерт во Гиза

По 20 годишна пауза, Шакира повторно ќе настапи во Египет. Концертот ќе се одржи на 28 ноември кај пирамидите во Гиза, во рамки на светската турнеја „Las mujeres ya no lloran“.

– Многу сум среќна што повторно ќе настапам во Египет, кај пирамидите во Гиза. Ве сакам сите, изјави светската латино ѕвезда.

Концертот е организиран од компанијата Венчр Лајфстајл. Освен Шакира, во Гиза настапиле и Џенифер Лопез, Џон Леџенд и Кети Пери.

Шакира, последниот концерт во Гиза го одржа во 2007 година, во рамки на турнејата „Oral Fixation“. 

МИА

Најчитани вести