СДСМ: Латас и Стоилковиќ – кога „српскиот свет“ се брани со омраза кон Македонците

Драган Павловиќ – Латас и Иван Стоилковиќ денеска повторно се обидуваат да се претстават како бранители на српскиот народ во Македонија. Ова е класична манипулација.

Кога зборуваме за „српскиот свет“ во Македонија, не зборуваме за српскиот народ. 

Зборуваме за политички проект на Александар Вучиќ и неговата СНС, сестринската партија на ВМРО-ОКГ, кој преку свои кадри и медиуми се обидува да ја прошири својата контрола. 

Иван Стоилковиќ не е претставник на српскиот народ, тој е отворен промотор на руските интереси, човек близок до „Ноќните волци“ и до српските служби, кој неодамна на кинеската државна телевизија ја промовираше кинеската комунистичка партија, криејќи го тоа од македонската јавност.

Драган Павловиќ Латас, пак, како главен уредник на орбаново-вмровската медиумска мрежа, со децении работи на ширење на омраза и поделби. Човекот кој некогаш имаше задача да ја запали Американската амбасада, денес има задача да ја запали омразата меѓу Македонците и Србите. 

Тоа не е патриотизам – тоа е работа по нарачка на службите. 

Критикувањето на кадровските решенија на ВМРО и на влијанието на „српскиот свет“ во институциите не е говор на омраза кон српскиот народ.

Тоа е легитимна политичка критика на странско влијание во Македонија. 

Исто како што критикувањето на Виктор Орбан не значи омраза кон унгарскиот народ, иако Орбан преку своите медиуми и свои луѓе директно ја финансира и контролира криминалната група ВМРО.

Латас и Стоилковиќ не се бранители на Србите.  Тие се бранители на агендата на Александар Вучиќ, како и на руската агенда во Македонија. 

И токму затоа, кога зборуваат за „фашизам и омраза“, всушност зборуваат за сопствената неспособност да се соочат со фактот дека нивниот проект на странско влијание е разоткриен.

Српскиот народ не е Вучиќ.  СНС не е  Србија!

Народот во Македонија не е наивен.  

Европска Македонија ќе го победи руското и анти-европско влијание кое го спроведуваат Стоиљковиќ и Мицковски! 

Народот ќе победи!

СДСМ Центар за комуникации со јавноста

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести