Дваесет и осумгодишен жител на село Седларево починал откако се здобил со тешки повреди при сеча на дрва во атарот на дебарското село Горно Мелничани.
-Вчера во14:20 часот во Одделението за внатрешни работи- Дебар е пријавено дека во атарот на дебарското село Горно Мелничани, М.Л.(28) од селото Седларево, се здобил со повреди при сеча на дрва, информираше Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внашрешни работи – Охрид.
Повредениот со возило на Итната медицинска помош од дебарската Општа болница со проширена дејност, бил пренесен до Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ во Охрид, но на пат кон болницата им подлегнал на повредите, а смрт без траги на насилство констатирал доктор од болницата.
Според Димоски, на местото на несреќниот случај, увид извршиле јавен обвинител, државен трудов инспектор и полициски екипи.
По наредба на јавен обвинител, врз телото на починатиот ќе биде извршена обдукција.
МИА


