Викендов во Скопје ќе се одржи Меѓународниот забавен фестивал „Еврофест 2013“, со учество на пејачи од десеттина земји, од Балканот и Европа. Еден од најчестите еврофестовски учесници, познатиот бугарски пејач Захари Чернев, најавил дека ќе испее песна која ја напишал инспириран од Тоше Проески. Со Тоше биле и лични пријатели и колеги, се запознале на еден поранешен Еврофест. Како што дознаваме Захари песната му ја понудил и на бизнисменот Трифун Костовски, да ја испеат во дует, но Трифун нема да настапи заради патување надвор од Македонија.



