Снимателот известуваше во живо

Ким Крусе имаше „деби“ како репортер, во понеделникот во „heute journal“ . Среде бура.
Имено екипа на ZDF, тргнала да известува за невремето, при што снимателот Крусе и покрај паднатите дрвја на патот, стигнал на време, а новинарката Мариета Сломка, останала заглавена во тунел и не стигнала на време на местото од кое што требала во живо да известува.
Непосредно пред вестите на ZDF и вклучувањето од местото на настанот, продуцентите го замолиле снимателот да застане пред камера и да известува во живо.

marieta_slomka
Презентерката Мариета Сломка (44) изјавила дека тој направил одлична работа.
– Бевме благодарни што тој собра храброст да застане како новинар пред камерата. Моравме да го убедуваме малку – рече Сломка.

 

 

Најчитани вести