Адеми: На саемот за туризам во Мадрид присутни шест туристичи оператори од земјава

Денес во Мадрид започна меѓународниот саем за туризам #FITUR2024. На саемот присутни се шест туристички оператори од Република Северна Македонија, претставници од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и ТАВ Македонија.

Предвидени голем број средби и можности за соработка. Македонскиот туризам е во раст поради сѐ подобрата понуда за која дознава целиот свет.

#FITUR2024 е во првите три по значај светски саеми од областа на туризмот и делува како глобален барометар кој ги открива најновите трендови и промени во туристичката индустрија ширум светот. Разновидноста на учесници од целиот свет го прави ФИТУР сеопфатен приказ за иновации и дестинации во развој.🇲🇰🇪🇸

ФБ статус на Едмонд Адеми

Најнови вести

Најново од Економија