Последнава недела најчестo прашањe до редакцијата на Агротим беше од сточарите кои се интересираат кога ќе има исплата на субвенциите за млеко.
Прашањето го поставивме до Платежната Агенција од каде не информираа дека исплата на субвенции за млеко се очекува да има за 10 дена.
-Подготвуваме исплата на субвенции за млеко за месеците – август, септември и октомври 2022 година. За 10 дена фармерите може да ги очекуваат субвенциите – изјави за Агротим директорот на АФПЗРР Никица Бачовски.
Со оваа мерка се опфатени производители на кравјо, козјо и овчо млеко регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта на одредени видови на животни и сопствено производство и го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко.
Висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар за произведено и предадено кравјо млеко и 4,5 по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко.


