Опозициските демократски пратеници ќе треба да платат сума од 764.922 лека (12.657 евра) за уништување на столчињата, со палење пред албанскиот парламент, како и оштетување на друг инвентар, на 30 минатиот месец.
– Групата за контрола и ревизија на штетата, која ја формираше самото Собрание, го комплетираше билансот на состојба. Предизвиканата материјална штета е процената на 1.253.124 лека (12.658 евра) но по одбивање на процентот за амортизација конечниот износ е 764.922 лека (7726 евра). Средствата треба да се платат до 20 ноември, во спротивно ќе им бидат задржани од платата, се појаснува во одлуката.
Врз основа на видеоснимките и фотографиите, кои се земени како дополнителен доказ, во оштетувањата, палењето на столовите, уништувањето на микрофоните, вратите и говорницата, предизвиканата штета треба да ја надоместат четворица пратеници.
Така, координаторот на пратеничката група на ДП, Газмент Барди мора да надомести отштета од 2.113 евра, пратеникот и генерален секретар на партијата, Фламур Нока и пратеникот Бледион Налбати по 1.893 евра, додека пратеничката Елда Хоти 1.825 евра.
Претходно пратениците кои предизвикаа хаос на пленарната седница, на 30 септември, и запалија столици пред собраниската зграда, Секретаријатот за етика при албанскиот парламент ги исклучи од работата од 10 дена до два месеца. Вон Собранието два месеца се Нока, Барди и Налбати. За пратеникот Еди Палока оваа казнена мерка беше 10 дена, додека други 20 се исклучени на 40 дена. За сите нив и за уште 19 други пратеници поднесена е кривична пријава до Обвинителството за уништување државен имот.
MИА


