Американска подморница торпедирала ирански воен брод во меѓународни води

Подморница на Соединетите Американски Држави потопи ирански воен брод во меѓународни води, изјави американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет. Според него, ова е првото потопување на непријателски брод со торпедо по Втората светска војна.

„Американска подморница потопи ирански воен брод кој мислеше дека е безбеден во меѓународни води. Наместо тоа, беше торпедиран“, изјави Хегсет на прес-конференција во Пентагон.

Хегсет додаде дека американската војска го потопила и бродот „Сулејмани“, именуван по поранешниот ирански генерал Касем Сулејмани кој беше ликвидиран од американските сили за време на првиот мандат на претседателот Доналд Трамп.

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести