По враќањето на принцот Хари од крунисувањето на неговиот татко Чарлс, за првпат тој и неговата сопруга Меган се фотографирани како шетаат заедно во Калифорнија.
Како што пренесуваат американските медиуми, парот бил снимен пред ресторанот „Суши Бар“ во Санта Барбара, а бројни американски медиуми започнаа да објавуваат дека Меган е бремена.
Според фотографијата до кои дојде „TMZ“, на војвотката од Сасекс наводно ѝ се гледа бременото стомаче, па медиумите станаа се погласни за новиот член во нивното семејство.

Веста за наводната бременост се прошири и на социјалните мрежи, а парот се уште не објавил официјално соопштение за оваа информација.


