Ана и Швајни среде развод на Алпите: Фотографиите го запалија интернетот, никој не зборува за разделбата (ФОТО)

Во екот на разводот на Србинката и Германецот, откако Ана поднела барање за развод кон крајот на минатата година по девет години брак, тие објавија фотографии од нивниот зимски одмор на социјалните мрежи.
Тие предизвикаа хаос со своите фотографии од скијање, бидејќи нивните обожаватели мислеа дека се на исто место. Сепак, нема помирување, или барем така изгледа, бидејќи се на различни локации, пренесува српски Информер.

Ана ужива во француските Алпи, со поглед на Монблан, додека Бастијан е во австрискиот скијачки центар Кицбил. Иако двајцата уживаат во шармот на зимата, тие не се заедно.
Инаку, Ана и Бастијан инвестирале во луксузни недвижности за време на бракот, па така поседуваат планинска куќа на Алпите, која наводно се наоѓа во Вестендорф.

Додека трае постапката за развод, Бастијан плаќа алиментација од 15.000 евра месечно за едниот син, а тие имаат три. Како што објавија медиумите, судот утврдил дека Бастијан мора да плаќа 15.000 евра по дете месечно, што е повеќе од половина милион евра годишно, поточно 540.000 евра.
„По разводот, Бастијан Швајнштајгер мора да плаќа за луксузниот животен стил на својата сакана на Мајорка. Поранешната спортска двојка живее во луксуз, а колку пари се потребни за нивните синови стана јасно на судската постапка во Мајорка по нивниот развод. Судијата ја одреди месечната алиментација на 15.000 евра по дете, повеќе од половина милион годишно. Тоа се приближно девет просечни бруто годишни плати за вработени со полно работно време во Германија, неодамна откри порталот Бунте.

Најчитани вести