Секој би помислил дека Анастасија е крајно внимателна што јаде, особено што е во брак со спортист, но пејачката покажа дека вистината е малку поинаква.

Ражнатовиќ на својот Инстаграм профил покажа каква храна појадува, а покрај пржените јајца и „зеленото“ има и кроасани и сендвичи кои секој нутриционист строго би ги забранил за оние кои сакаат да одржат витка линија, пишува српски Информер.
Сепак, Анастасија редовно тренира, па веројатно напорните вежби и помагаат да ги „согори“ овие калории. Затоа може да си дозволи одвреме-навреме да се опушти и да ужива во разни јадења, а и покрај се да ја задржи својата совршена фигура.


