Светлана Цеца Ражнатовиќ денеска полни 51 година, минатата година јубилејниот роденден го прослави со семејството, иако со денови планираше гала прослава. Од таа идеја се откажала поради трагедијата што се случила две недели претходно кога нејзината ќерка Анастасија го изгуби бебето во петтиот месец од бременоста.
Ќерката на Цеца меѓу првите и го честиташе роденденот на мајка си и и испрати емотивна порака.

Среќен роденден на најдобрата мајка на светот!!! Биди секогаш среќна!!! Ништо помалку не ти одговара! – напиша Анастасија која неодамна се појави заедно со нејзината мајка на финалето на Звездите на Гранд и по тој повод зборуваше за животот со Немања во Шпанија.
Минатата година најблиските на Цеца на полноќ ја изненадија со огномет, балони и цвеќиња, па таа роденденот го прослави на улица во пижами, а следниот ден сите се собраа на свечен ручек во вилата на Дедиње. Како оваа година фолк ѕвездата ќе го прослави роденденот, останува да видиме, пишува Информер.


