(АУДИО)„Господине Путин, ми го разубавевте денот!“ Разговорот на Елтон Џон со „Владимир Путин“

Раша тудеј дошла до аудиоснимката на телефонскиот разговор меѓу сер Елтон Џон и двајцата руски шегобијци што се преправале дека се претседателот Владимир Путин и неговиот портпарол Дмитриј Песков, кој бил во функција на преведувач.
Имено, во вторникот сер Елтон на Инстаграм се пофали дека по телефон му се јавил лично претседателот Путин, кој му ветил и средба лице-в-лице. Прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков подоцна негираше дека воопшто се случил таков повик и додаде дека не му е јасно со кого разговарал сер Елтон. Вчера руските мајтапчии познати како Вован и Лексус признаа дека тие се тие што разговарале со сер Елтон: Вован се претставил како Путин, а Лексус – кој одлично го познава англискиот јазик – се преправал дека е секретарот за печатот на претседателот, Дмитриј Песков, кој го преведувал разговорот. Повикот – кој траел 11 минути, е снимен, а шегаџиите сега ја објавија снимката, која РТ ја објави во целост, со транскрипт од целиот разговор.

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести