Бабовски: Трипуновски повторно ја манипулира и заплашува јавноста, двете пратки пробиотски јогурт се вратени во Србија

официјален надзор се до враќањето. За „канцерогениот“ јогурт со афлатоксин, го повикуваме, бидејќи располага со лабораториските резултати кои имаат и сериски број и лот за секоја земена мостра, а и не и верува на АХВ, слободно да го побара во маркетите. Во однос на вчерашното тврдење дека нефункционира националниот систем за брзо известување, досега требаше да му биде јасно дека овој систем алармира само тогаш кога небезбеден производ е ставен во промет, потенцира Бабовски.

АХВ, дополни, ниту криела информации, ниту во иднина ќе прави нешто такво, туку напротив, како и досега, ќе ги информиура потрошувачите за секое повлекување од прометот на која било категорија небезбедна храна.

-Ова, покрај во медиумите, редовно се објавува и на наштата интернет страница на банер кој е лесно достапен и видлив за секој граѓанин. Во однос на стравувањето на Трипуновски дека небезбедно млеко со афлатоксини од домашна млекарница се нашло на рафтовите во маркетите, одговорно ја информирам јавноста дека станува збор за небулозно тврдење. Утврден е афлатоксин во сурово млеко откупено од домашни производители на сурово млеко – фармерите, во рамки на Мониторинг програмата која ја спроведува АХВ и со задолжителните тестирања. Утврденото присуство на афлатоксин е со т.н. брз тест, по кој е направен и конфирматорен тест од страна на Факултетот за ветеринарна медицина кој беше негативен на афлатоксин. Суровото млеко ни во еден случај, како што твди тој, не се најде на рафтовите, туку заврши за преработка по задоволителен конфирматорен тест, информира диртекторот.

Тој објасни дека мониторинг на сурово млеко за афлатоксин секоја млекарница спроведува на секоја количина сурово млеко откупено од секој производител, а инспекторите на АХВ земаат мостри од збирното откупено млеко од секоја млекарница еднаш месечно поради верификација на оваа активност од страна на млекарите.

-Суровото млеко се испитува на Факултетот за ветеринарна медицина, со брза метода, а во случај на позитивен наод се врши конфирматорен тест. Во овој случај конфирматорниот тест утврдил негативен наод на афлатоксин, суровото млеко може да се употреби од млекарницата за преработка. Инаку, моето службено отсуство, како што вели Трипуновски на државен трошок, на 21. состанок на Глобалната рамка за прогресивна контрола на прекуграничните болести на животните (GF-TADs) во Брисел и на Постојаната експертска група за африканска чума кај свињите во Европа на кој беше посветен и овој состанок, е уште една потврда дека АХВ е препознаена како високопрофесионална и стручна институција, и во европски и во светски рамки. Доволна потврда за ова е дека токму АХВ ќе биде домаќин на 22. состанок на ова реномирано тело на ОИЕ и ЕФСА, каде членуваме и ние како институција и држава, задно со членки на Европската унија, државите од Западен Балкан, Молдавија, Белорусија и Русија, подвлече Бабовски. 

МИА

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести