Барселона постави рекорд во Ла Лига за „чисти мрежи“ во првите 27 кола

Екипата на Барселона синоќа го победи Елче на гостински терен во натпреварот од 27. коло од Шпанското фудбалско првенство со резултат 4:0.

Овој натпревар беше 20-ти за каталонскиот тим во кој не примија голови, што е рекордна бројка за 27 кола во Ла Лига.

Исто така, Каталонците оваа сезона примија само девет гола на 27 натпревари, што е и рекорд во лигата.

Барселона е прва на табелата во шпанската лига со 71 бод.

МИА

Најнови вести

Најново од Спорт

Најчитани вести