Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит денеска потврди дека утре во Доха ќе се одржи состанок на високо ниво за Иран и дека американската делегација ќе ја предводат специјалниот претставник Стив Виткоф и Џаред Кушнер, додека паралелно ќе се водат и технички разговори.
„Специјалниот претставник Виткоф и Џаред Кушнер оваа недека ќе патуваат во Доха на состаноци на високо ниво, додека продолжуваме да го разгледуваме меморандумот за разбирање. Ќе има технички дискусии на маргините на тие состаноци“, изјави Левит за Фокс њуз.
Таа додаде дека САД се држат до својот дел од примирјето, но и дека „на секој чин на насилство ќе се одговори со насилство“.
МИА


