Битиќи: Системот нема да дозволи сомневање дека средствата ќе стигнат таму кај што треба

-Во суштина, во економскиот совет со којшто ги проверивме мерките седат и високи членови на опозициската ВМРО ДПМНЕ, значи членови на ЦК итн и никој буквално на тој економски Совет не ги оспори овие мерки, ниту една од мерките не беше оспорена. Затоа велам нема политичка позадина. Ќе повторам корона кризата не е политички производ, корона кризата не затекна сите и ние треба да одговориме без разлика кој се граѓаните на другата страна – рече Фатмир Битиќи на вечерашното гостување во 24 Вести:

Битиќи истакна дека секоја презентирана мерка но и другите мерки треба доволно добро да се објаснат, транспарентно, да се укаже дека системот нема да овозможи да има сомневање дека средствата ќе стигнат таму кај што треба.

-И тоа е круцијалната разлика зошто некогаш бев критичар, затоа што имавме договори во 4 очи наспроти денеска кога целиот процес го правиме транспарентен – рече Битиќи.

-Во овој момент имаме алатка „open finance“ со која што луѓето можат на дневна основа да видат каде се трошат парите од трезорот, каде одат со име и презиме, дали ќе отидат кај Фатмир којшто не треба да ги добие или ќе отидат кај Влатко којшто треба да ги добие, тоа е суштинската разлика – истакна Битиќи.

]]>

Најнови вести

Најново од Економија

Најчитани вести