Битиќи: Со сите владини мерки ја намаливме инфлацијата

Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, кој вечерва гостуваше во емисијата „10 Минути“ што се емитува на ТВ21, на својата страница на Фејсбук порача дека со сите владини мерки успешно се намалува инфлацијата.

„Со сите владини мерки ја намаливме инфлацијата. Тоа е добра вест за сите.

Цената на лебот не може да оди нагоре во овој момент. Царинските давачки за тестенини се укинати. Ако е потребно, следни ќе бидат млечните производи“, напиша Битиќи на Фејсбук и истакна дека „во исто време, имаме највисок раст на просечната и минималната плата во историјата на нашата независна држава. Интересите на граѓаните на прво место“.

Најчитани вести