“Не знам кој што чека, но јас сум првиот што се пријавувам за член на анкетната комисија за Кочани во Собранието од СДСМ. Ете ако никој нема размислено јас сум првиот што се пријавувам, така што половина работа е завршена и едно име имаат помалку во нивните дилеми кого да предложат”, изјави пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи на прашањето зошто СДСМ не предлага членови за анкетната комисија за Кочани, иако нивниот лидер повеќепати најави дека ќе предложат.
Битиќи смета дека власта наоѓа изговори да не профукционира. Го цитираше претседателот на СДСМ дека тој не се плаши од дебата за модуларната болница која е дел од истата комисија и дека како што рекол подготвен е за се’ да разговара.
“Јас како родител сметам дека треба да им дадеме одговор на родителите и на сите во јавноста кој бил и каде имало пропусти за да се случи тоа што се случило во Кочани, за никогаш не се повтори. Затоа мислам дека е добро е за оптеството оваа сага да заврши и ние покажеме доблест како пратеници.
На прашањето дали овој став ќе го соопшти и на раководството на СДСМ , Битиќи вели дека им помогнал
“Еве јас им помогнав сега, јас се пријавувам еден од двајцата, сега е полесно 50% од проблемот е решен”- вели Битиќи за 24 Анализа


