На една популарна страница за исповед, една девојка сподели како дознала дека нејзиното момче ја изневерува благодарение на нејзината мачка.
Нејзината приказна го привлече вниманието на милиони луѓе ширум светот.
– Се преселив кај моето момче пред три години. Бидејќи тој сака мачки, а јас не, со месеци ме молеше да посвојам една. Кога почна короната, го зедов мачето од улица и го донесов, беше пресреќен. На крајот дјде до тоа да си игра и гушка со мачката, додека јас го чистев песокот, ја носев на ветеринар и купував храна. Сепак, од пред три месеци почна да се случува нешто чудно – ја започнува својата приказна.

Мачката, која порано го обожувала нејзиното момче, одеднаш почнала да покажува непријателско однесување кон него.
– Мачката повеќе не сакаше ни да му пријде, освен да го нападне кога ќе се врати од работа. Почна да мокри на креветот, да му остава „подароци“ на перницата и да се гушка со мене. Го прашувам што се случува, да не ја тепал, тој негираше. После месец и пол терор од мачката, ми предложи да ја посвоиме или да ја успиеме, но јас ја однесов на ветеринар. Жената не ми веруваше дека мачката не е претепана и ми рече да ставам камери и да не му кажувам на дечко ми. За среќа, ја послушав. Третиот ден имам што да видам. Моето момче ја носи колешката на секс, ја исфрла мачката од спалната соба, а на излегување мачката го напаѓа и него и неа. Тој човек доби шут карта, јас сега премногу ги сакам мачките, а оваа ми стана неразделно милениче – напишала девојката.
– Мачките имаат страшна интуиција и се одмаздољубиви, многу повеќе од кучињата, пишува Србија данас.


