Анастасија Ражнатовиќ и нејзиното момче Немања Гудељ се огласија на Инстаграм споделувајќи ја веста дека таа е веќе четврти месец во бременоста и дека чекаат девојче.
За прв пат се огласи и Немања Гудељ кој за српска „Република“ изјави дека со нетрпение го очекува септември, кога треба да ја добијат ќеркичката и да ја земе во прегратка.
„Бев пресреќен кога ја слушнав веста, многу сме радосни и двајцата со Анастасија, тоа е дар од Бога”, вели Немања.

Што се однесува до името на нивната наследничка, вели дека сеуште не одлучиле но дека веќе имаат во предвид неколку имиња, па сигурно ќе изберат едно од нив.


