Студените и мрачни зимски денови понекогаш си бараат посветли бои на гардероба, а сите нијанси на жолта ќе бидат во тренд оваа зима. Бојата на сонцето носи ведрина и радост, а модните парчиња во оваа боја ќе направат да се чувствувате подобро.
Модните експерти советуваат во зимските месеци да внесете барем некој жолт детаљ во комбинациите на вашата облека.
Жолта „од глава до пети“
Едноставен комбинезон во жолта боја со интересен ремен со животински принт ќе направи да изгледате привлечно.
Еден детал е доволен
Кога станува збор за силните бои, понекогаш е доволен само еден детаљ за да изгледате елегантно. Црна гардероба со која ќе понесете и жолта чанта ќе направи да изгледате елегантно.
Долго здолниште
Долгото жолто здолниште во комбинација со кошула е вистински избор за да изгледате интересно во секоја прилика.
]]>


