Денес во Македонија започнува имплементацијата на системот „Safe City“ во Скопје, Тетово и Куманово, на дел од најфреквентните сообраќајни коридори 8 и 10.
Станува збор за важен и корисен проект кој покажува дека, иако ретко, кај нас е можно добрите државни иницијативи да имаат континуитет – да се започнат во еден период, а да се продолжат и реализираат во следниот.
Со воведување на дигитализацијата значително се намалува човечкиот фактор а се зголемува безбедноста на сите учесници во сообраќајот, што е клучно за заштита на животите и за подигнување на сообраќајната култура.
Сепак, за целосна ефикасност и поголема доверба од јавноста, ќе беше потребен многу подолг тест-период, во кој граѓаните ќе се запознаат со функционирањето на системот, а ќе се отстранат и сите сомнежи околу неговата примена.

Фејсбук статус на Митко Бојмацалиев


