Аргентинскиот новинар Бруно Акоста вечерва објави дека Реал Мадрид испратил понуда за Лионел Меси.
Во средбата со новиот тренер Роналд Куман, Меси наводно најавил дека сака да го напушти клубот, а Барселона наскоро реагираше и информираа дека и покрај сè нема да го продадат.
Сепак аргентинскиот новинар дополнително зачини сè. Тој вечерва објави дека Реал Мадрид испратил понуда за Меси и дека Барселона веќе го известила фудбалерот за тоа.
Ако Меси го направи овој неверојатен трансфер, тоа веројатно ќе биде еден од најголемите трансфери во историјата на фудбалот, но навистина е тешко да се поверува во тоа.
Меси цел живот е во Барселона, а преселбата во Реал би била предавство кое ќе се памети.
]]>


