Цеца нема да настапи на ниеден концерт на Шејла! Стигна официјална потврда, продолжува хаосот во Босна!

Шејла Зониќ е овогодинешната победничка на „Ѕвездите на Гранд“, а по победата настана вистинска гужва.

Цеца Ражнатовиќ за време на натпреварот и беше ментор на Шејла, а веднаш по финалето почнаа шпекулациите дали пејачката ќе присуствува на победничкиот концерт што ќе се одржи во Босна, во Сански Мост.

Како што пишуваат босанските медиуми, Цеца Ражнатовиќ нема да настапи на ниту еден настап на Шејла Зониќ кои се планирани во Босна и Херцеговина.

Сигурни извори блиски на Шејла Зониќ наведуваат дека доаѓањето на Цеца во Босна и Херцеговина никогаш не било опција, ниту пак претходно било разговарано за оваа тема, пишува pressmediabih.

Инаку, по победата на Шејла во Звезде Гранд, дел од публиката не била задоволна од тоа што Цеца Ражнатовиќ и била ментор на натпреварот.  Поради ова таа добила низа навреди и лоши коментари на социјалните мрежи, а многумина се прашуваа дали ќе ги одржи победничките концерти во Тузла и Сански Мост.

Бидејќи нејзиниот настап во Тузла не бил договорен, Шејла откри дека победничкиот концерт ќе се одржи на 28 јули во родниот Сански Мост, каде што ќе настапи заедно со колегата Мирза Селимовиќ.

Што се однесува до навредите, претходно се огласи и нејзиниот сопруг Амир Зониќ, кој на социјалните мрежи изјави дека Шејла на убав и морален начин ја претставила својата земја, посочувајќи дека во финалето отпеала две босански севдалинки.