„ОК“ е една од најчестите кратенки што ги користиме, но лингвистички е речиси новина. Таа е стара само 150 години, а започнала да се користи од 19 век во Бостон. Многумина мислат дека таа е намерно измислена, но всушност се работи за шега која ненамерно станала популарна.
Сè започнало во канцеларијата на Чарлс Гордон Грин во „Boston Morning Post“, пренесува „Smithsonianmag“. Се појавила во 1839 година, кога кратенките биле многу популарни меѓу новинарите.
Покрај „ОК“ имало и многу други, неуспешни термини кои никогаш не биле масовно применувани, како што се, да речеме, „OW“, термин сличен на „OK“ за „oll Wright“.
„ОК“ првпат се појави како кратенка за „Oll Korrect“ (сè е точно), напишана во сатиричен напис за граматика.
Потеклото на зборот не се знаело до 1960-тите, кога етимологот Ален Рид истражувал и дошол до заклучок дека зборот можеби потекнува од Европа, скратен термин за кекс во Граѓанската војна или е кратенка за телеграфскиот термин „Open Key“.
Други, пак, погрешно верувале дека претседателот Мартин Ван Бурен го измислил овој термин во неговата претседателска кампања, во која го користел слоганот „Гласајте за ОК“ алудирајќи на неговиот роден град и неговиот прекар, „Old Kinderhook“.
Но, Ван Бурен само го популаризирал изразот.
Иако теоријата на Рид покажува како, фаза по фаза, се ширел „OK“ низ Северна Америка и светот, некои се сомневаат и сè уште инсистираат на тоа дека зборот има многу постаро потекло.


