Четири лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајка што се случи денеска околу 9 часот на регионалниот пат Тетово-Фалише.
Во сообраќајната несреќа во која учествувале патничко моторно возило „Фиат пунто“ со тетовски регистерски таблици управувано од Е.Ќ (32) од Лавце и моторцикл „Томос“ без таблици управуван од Т.С.(73) од Тетово, информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
– Во несреќата, моторциклистот задобил тешки телесни повреди (скршеници на нога и ребра) и по пренесувањето во тетовската клиничка болница задржан е за натамошно лекување. Во болницата задржан е и возачот на „Пунтото“ и двајцата сопатници од Слатино и Бозовце кои имале лесни повреди. По овластување на јавен обвинител извршен е увид и се расветлуваат поединости поврзани со причините, материјалната штета и се друго поврзано со оваа несреќа, рече Јосифовски.
]]>


