Чистењето на решетката од рерната никогаш не било полесно: Користете ги овие 2 состојки, ќе светне без триење!

Жените кои го пробале овој трик за чистење на решетката за маснотии тврдат дека ги отстранува сите тврдокорни дамки.

Шпоретот може да го чистите секојдневно по готвењето, но сигурно не ја чистете рерната толку често. Со текот на времето, решетката на рерната се валка, бидејќи на неа остануваат остатоци од храна и маснотии кои прскаат при печење на јадењето во рерната и се стврднуваат. Овие дамки можат да бидат тврдокорни и тешко се отстрануваат. Но, постојат две многу едноставни решенија со  кои лесно ќе ја исчистите решетката и ќе изгледа како нова без да мора да ја триете, пишува српски Ало.

Детергентот за перење ги отстранува сите дамки

Направете средство за чистење од две состојки. Решетката ставете ја во када, на крпа или во леген ако е доволно голем. Потоа наполнете го со вода, така што целата решетка да е во водата. Додадете една рака прашок за перење алишта и оставете ја да отстои преку ноќ. Следниот ден, решетката од рерната исплакнете ја со вода и избришете ја. Сите остатоци од маснотии и храна ќе се отстранат без чистење.

Употребете таблета за миење садови

Друг начин е да употребите таблета за машинско миење садови. Повторно наполнете го легенотили кадата со вода за да се потопи целата решетка. Истурете топла вода и ставете две таблети за машинско миење садови. Оставете ја решетката да отстои барем еден час, а потоа избришете ја со сунѓер и целата нечистотија ќе се извади без никакви проблеми. Решетката ќе биде сјајна и кога целосно ќе се исуши, вратете ја во рерната.

Најчитани вести