Дали ќе настинеме ако не сме топло облечени?

Верувањето дека студот е главен виновник за настинките трае со векови, а бабите со децении нè предупредуваат да не излегуваме надвор со мокра коса или недоволно облека на себе. Колку ова е вистина?

Др. Кал, научник со докторат по генетска медицина, моментално живее и работи во Лондон редовно ги споделува нејзините сознанија со речиси 83.000 следбеници на „TikTok“. Во едно од нејзините популарни видеа, таа ја откри научната вистина зад ова општо верување.

„Дали студот ги предизвикува настинките? Не баш, но на некој начин да“ – објаснува др. Кал.

Настинките, според неа, се предизвикани од вирусите, што значи дека не можете да се разболите доколку не дојдете во контакт со вирус. Сепак, студеното време го ослабнува вашиот имунитет, што го олеснува нападот на вирусите.

@dr.cal.ur.science.pal mwarm #science #biology #medicine #phd #gradschool #lab #fyp ♬ original sound – dr_cal_ur_science_pal

Како студот влијае на телото?
Првата линија на одбрана од вирусите се специјализирани клетки во горниот респираторен тракт, кои произведуваат густа слуз што ги заробува патогените микроорганизми. Овие клетки, исто така, служат за да ја отстранат слузта и да ги исфрлат патогените од вашето тело.

Проблемот настанува кога телото е изложено на студен и сув воздух во текот на зимата.

„Овие клетки треба да функционираат во топла и влажна средина, што не е секогаш случај во зима“, објаснува др. Кал.

Ако некогаш сте спиеле во ладна соба и сте се разбудиле со болно грло, тоа е резултат на оштетувањето на овие клетки. Кога ќе се загреете, вашето тело се опоравува, но ако вирусот веќе влегол во вашиот систем додека вашата одбрана била ослабена, шансите за инфекција значително се зголемуваат.

Што можеме да научиме?
Иако студот сам по себе не ги предизвикува настинките, сепак нè прави поподложни на вируси. Затоа е важно вашето тело да биде на топло и да избегнувате продолжено изложување на ладен и сув воздух, особено во зимските месеци кога вирусите циркулираат во поголем број.

Затоа, следниот пат кога ќе излезете на ладно, запомнете дека топлата облека не само што ве штити од студот, туку и од потенцијалните вирусни инфекции.

Најчитани вести