Дали сте слушнале за првата аптека во светот која против болки издава-песни!

Во малото британско гратче Шорпшајер поетесата Дебора Алма решила да отвори поетска аптека, бидејќи смета дека во случај на психички проблеми, нема подобар лек од поезија. Нејзината аптека издава песни на рецепт.

Дебора Алма во изминатите шест години ја водела „Итна поетска служба“ по училишта, фестивали и многубројни настани и препишувала песни од амбулантата кола како лек за душевни проблеми. Сепак признава кога ја забележала малата напуштена продавница во Шорпшајер, решила со својот партнер, исто така поет Џејс Ширд, токму на ова место да ја отвори првата поетска аптека во светот.

Во аптеката ги организирала книгите според расположенијата, поточно поемоционалните проблеми кои помагаат против стрес, скршено срце или исцрпеност. Во аптеката нуди и поетски консултации, каде што им поставува внимателно осмислени прашања на „пациентите“ и им пишува поема како лек. Нејзината идеја досега добила одлични критики од жителите на ова мало британско гратче.

-„Забележав како поезијата може целосно да промени нечие расположение и како одеднаш луѓето почнуваат да слушаат многу внимателно. Уште пред да почнам да го правам ова, пријателите кои имаа скршено срце често знаеја да дојдат кај мене на шолја чај и добра песна“, вели поетесата.

Најчитани вести