- Илузија на брзина
Станбените и деловните згради стана сè повеќе и повеќе високи, а со тоа и качувањето по скалите стана сè понапорно. Во овие случаи планирањето и инсталацијата на лифтовите стана задолжително. Сепак, и покрај ова, многумина избегнуваат да се качат со лифт, делумно поради страв, но и поради тоа што качувањето со лифт изгледа премногу бавно. Според анализите „забрзувањето“ со кое лифтот се движи нагоре-надолу чини многу, па производителите смислиле генијален трик – да стават огледало во него. На тој начин, луѓето место да мислат на брзината, имаат друга „работа“, па не обрнуваат внимание на времето поминато во лифтот. Со помош на огледалото тие дури и тврделе дека „лифтот“ навистина се движи побрзо, иако дизајнот и брзината воопшто не се промениле.
2. Клаустрофобија
Клаустрофобијата од лифтот е многу чест проблем. Мал простор, недостаток на воздух, неможност да се разбере како функционира, страв од височина и други фобии се само дел од причините што ги вознемируваат луѓето додека го користат лифтот. Огледалото во лифтот помага да се решат дел од овие проблеми: тоа создава чувство на повеќе простор, а „патникот“ во лифтот доколку треба да се качи или симне сам, потсвесно не се чувствува сам, бидејќи го гледа својот одраз во огледалото.
3. Безбедност
Огледалото создава чувство на сигурност кога во кабината се возат луѓе кои не се познаваат. Тоа ви овозможува беспрекорно да ги следите движењата на другите и да се чувствувате како да ја имате контролата над другите. Психолозите тврдат дека присуството на огледалото позитивно влијае на луѓето и придонесува за почитување на општоприфатените норми на однесување. Се покажало дека случаите на вандализам се многу ретки во лифтовите со огледала. Кога човек ќе се види во огледало, „автоматски“ почнува да се однесува „пристојно“, дури и ако е сосема сам во кабината. Значи, огледалото во лифтот не е само прашање на дизајн, туку е и еден вид мерка на психолошко влијание врз корисниците.
4. Досада
Не е невообичаено на човек кој се вози во лифт да му здосади, а огледалото е тука да му го „скрати времето“. Подобро е да се гледате самите себе си во огледалото, отколку да гледате во ѕид или под. Така, повеќето луѓе често ја „убиваат“ досадата со фотографирање, нешто што можете да се забележи и на социјалните мрежи. Ретко кој човек нема „селфи“ направено во лифт…
5. Помош на лицата со попреченост
Огледалото му помага на лице во инвалидска количка да влезе и излезе од лифтот без да мора да се врти во него. Димензиите на лифтот не секогаш ви дозволуваат да се вртите во него во инвалидска количка, а во случајот огледалото помага, гледајќи си го одразот, безбедно да влезете и излезете од кабината без да се вртите.
]]>


