Група демонстранти се собраа денеска пред Собранието на градот Краљево, каде од 9 часот утринава трае блокадата на седницата на локалното собрание, а при туркањето било скршено стаклото на влезната врата од Собранието.
Како што јавува телевизија Н1 при обидот да влезат во зградата на Собранието на Краљево, еден од демонстрантите излетал низ стаклото на вратата и него веднаш го однела Брзата помош за да му се укаже лекарска помош.
Насобраните пред зградата на парламентот во Краљево прават врева со свирчиња, и извикуваат пораки до градоначалникот „Терзиќ, замини“, „Терзиќ, поднеси оставка“.
Демонстрантите во моментов се на вториот влез во Собранието, а пред самата врата има голем број полицајци.
Предраг Воштиниќ, член на организацијата Локален фронт во градското собрание на Краљево, претходно денеска изјави дека актуелната ситуација на седницата на Собраниет во Краљево, која опозицијата ја блокира од 9 часот утринава, е „сосема надреална“.
Владан Славковиќ пет часа не се симнува од говорницата, Лазовиќ свири на секои шест секунди, јас седам во градоначалничката фотелја за да не може тој да седне. Останатите се јавуваат за збор и молчат. Луѓето се собираат пред зградата“, напиша Воштиниќ на социјалната мрежа Икс.
Блокадата на седницата на Градското собрание на Краљево трае од 9 часот утринава, откако на говорница излезе советникот од Локалниот фронт Владан Славковиќ, кој рекламирајќи го деловникот побара градоначалникот Предраг Терзиќ да биде отстранет од седницата, по што му беше наредено да се отстрани од седницата, но тој остана на говорницата, пишува Данас.рс.


