Дете го нацртало своето семејство, на наставникот „му се прескеле нозете“ кога го видел цртежот

Детскиот начин на размислување честопати знае да нè изненади и воодушеви, а понекогаш и да нè е исплаши. Детските толкувања на животот и реалноста честопати може да бидат двосмислено разбрани., затоа што тие ги немаат нашите стеги и стравови, туку функционираат по инерција и најсилниот впечаток што им го оставила одредена околност. Понекогаш е едноставно, но другпат пак, знаеме сè погрешно да разбереме.

Таков е на пример и овој случај, каде на децата од една паралелка им е дадена задача да го нацртаат своето семејство. Не е воопшто чудно нивната последна впечатлива слика од заедничките моменти поминати со целото семејство да биде летниот одмор каде сите си поминале прекрасно и искусиле некои нови активности, како на приме нуркање. Затоа, не е чудно што овој ученик решил да го нацрта семејството во опрема за нуркање, иако цевките за дишење под вода на многумина им личеле на јажиња на кои виселе членовите на неговото семејство.

Кога го видел овој цртеж, наставникот мислел дека семејството на ученикот виси на јажиња.

„Откако го видов неговиот цртеж, се загрижив дека боледува од депресија, но откако го се распрашав, тој рече дека неговото семејство штотуку се вратило од одмор на плажа“, објаснил тој. Сепак, без разлика што видел наставникот идејата на момчето била сосема искрена и чиста.

]]>

Најчитани вести