Детето можело да се спаси! Сосетка на убиецот на Данка открива детали: Сопругата го остави!

Сосетка на Срѓан Јанковиќ од селото Лука вели дека него сопругата го оставила пред две години.

– Има еден син. Неговиот син и снаа се во странство. Живее со татко му – изјавила за Новости сосетката на Срѓан Јанковиќ.

Со чудење вели дека можеби малата Данка можела да се спаси и дека не може да разбере што се случило.

Да потсетиме, Срѓан Јанковиќ од село Лука и Дејан Драгијевиќ од село Злот се осомничени за убиството на Данка Илиќ (2) која половина Европа ја бараше десет дена!

Тие двајцата на 26 март, според сопствено признание, ја убиле малата Данка. Прво ја удриле со автомобил, а потоа еден од нив излегол од возилото и со голи раце го задавил детето кое лежело на патот и плачело.

Според последните информации, многу брзо по исчезнувањето на малата Данка Илиќ, двајцата биле приведени и сослушани. Тие на сослушувањето тврделе  дека немаат никаква врска со исчезнувањето на девојчето.

Клучниот момент беше објавувањето на видеото од Виена, кога еден на друг си рекле „Дали го виде ова во Виена, се извлековме“, откри истрагата, пишува Информер.