(ФОТО) Џенифер Лоренс за црвениот тепих во Кан си понела влечки

Црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал значи гламурозни модни изданија за жените – долги тоалети, свечени фризури, накит, шминка и високи потпетици. Но, за една од ѕвездите, сето тоа не беше толку важно, особено не последната ставка.

Aктерката Џенифер Лоренс присуствуваше на премиерата на филмот „Anatomy of a Fall“ на фестивалот во Кан, а за таа прилика облече невообичани чевли, односно долгиот црвен фустан го комбинирала со црни апостолки.

Имено, холивудската актерка која покрај актерските способности многумина ја препознаваат и по хуморот, за црвениот тепих одбрала нешто „иновативно“.

Лоренс на црвениот тепих пристигна во црвен фустан од Кристијан Диор, со црвени влечки на нозете што подоцна ги сменила со црни апостолки.

Според „Вог“ постои непишано правило дека на фестивалот во Кан жените мора да носат високи потпетици, но актерката избрала удобност наместо гламур.

Таа носеше и шал со иста боја како и фустанот, дијамантско ланче и лесна шминка на лицето.

Долгиот фустан ѝ ги криел удобните обувки, но додека се симнувала по скалите морала да малку да го подигне додека другите ѝ помагале да се справи во вишокот гардероба што го носела на себе.

Можеби сето ова се должи на нејзиното лошо искуство, таа се сопна на еден многу важен настан – поточно на доделувањето на Оскарите и изгледа овој пат одлучила да го спречи тоа по секоја цена.

Најчитани вести