Легендарниот кошаркар Мајкл Џордан за време на својот одмор во Хрватска доживеал мала непријатност. Имено како што пишуваат локалните медиуми тој цел ден си уживал во бар на брегот на Хвар, а вечерта полицијата ја посетила неговата јахта по пријава за нарушување на јавниот ред и мир.
„Во 00.15 часот на 26 август, добивме пријава за гласна музика од јахта закотвена во градот Хвар. По пријавата, полицајците излегоа на терен, разговараа со капетанот на јахтата и побараа музиката да биде намелена. Потоа немаше дополнителни пријави за нарушување на јавниот ред и мир, ниту имаше потреба од полициска акција“, се вели во соопштението на хрватската полиција.
По престојот на Хвар, Мајкл Џордан на својата 95-метарска луксузна јахта, придружуван од сопругата и пријатели, треба да отпловат до Дубровник од каде со авион ќе заминат од Хрватска.
]]>


