Славниот холивудски актер можно е наскоро да стане татко.
Згодната правничка Амал Клуни, наводно е бремена веќе 14 недели, а Џорџ едвај чека да стане татко.
Американските таблоиди пишуваат дека славната двојка се плаши од компликации и затоа не сака убавата вест да се шири во јавност.
Иако светските медиуми одамна очекуваат таква вест, овој пат можеби е навистина точна.
Шпекулациите се појавија откако на премиерата на филмот „Our Brand is Crisis“ Амал не пиела алкохол, а внимателниот сопруг се грижел дали таа доволно јаде, па дури и нарачувал и специјална испорака.
Вистината за ваквите муабети, доколку се точни сигурно ќе излезат на виделина.
Извор: Вистина.мк



