Џорџ Клуни призна дека од ловец станал плен

Американскиот комичар и ТВ-водител Стивен Колберт се пошегувал на сметка на холивудскиот актер Џорџ Клуни кога во неговата најнова емисија „Лејт шоу“ (Late Show) го окарактеризирал како трофеј на Амал Клуни.

– Како изгледа кога си само убава придружба во врската, затоа што твојата сопруга е многу сериозна личност? – го прашал комичарот актерот и додал:

„Таа со сигурност ти вели: „Вечерва ќе запознаеме некои многу интелигентни луѓе – тоа не се познати фаци на кои си навикнал. Само биди убав““, се пошегувал Колберт, а со тоа се согласил и актерот.

Холивудскиот актер се пошегувал дека за својата сопруга, адвокатката Амал Клуни (37), е само трофеј.

kluni_amal_5

Инаку, Стивен Колбред се најде во улога на нов водител напопуларната ТВ-емисија која пред него ја водеше Дејвид Летерман.

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести