Откако Нетфликс објави дека последната сезона на популарната шпанска серија „Money Heist“ (La Casa de Papel) ќе ја емирува во два дела од по пет епизоди, многу фанови на серијата со нетпрение го очекуваат 3 септември, денот кога ќе се појават првите пет епизоди.
Компанијата „Верве Логик“ објави дека им дава слободни денови на своите вработени за да можат да ја гледаат последната сезона на оваа популарна серија. Извршниот директор на компанијата преку порака на социјалните мрежи на своите вработени им се заблагодари за вложената напорна работа за време на пандемијата и рече дека е во ред да се направи пауза од време на време.
Последните пет епизоди од оваа серија ќе бидат достапни на платформата на Нетфликс од 3 декември.
https://www.youtube.com/watch?v=htqXL94Rza4
„Money Heist“ е шпанска-крими телевизиска серија на Алекс Пина. Серијата следи две долго подготвувани кражби на шпанските „куќи од хартии“, а тимот го предводи Професорот.