ДКСК ќе презентира резултати од кампањата за подигање на јавната свест за лобирањето

Државната комисија за спречување на корупцијата, во соработка со ИПА Проектот „Поддршка на ЕУ за владеење на правото“, денеска на прес-конференција ќе ги презентира резултатите од кампањата за подигање на јавната свест за лобирањето во земјава.

На настанот ќе бидат презентирани резултатите од дигиталната кампања за промоција на транспарентно и регулирано лобирање; клучните наоди од одржаните тркалезни маси со институции, локална самоуправа, бизнис сектор и граѓански организации; значењето на транспарентното и регулирано лобирање за јакнење на интегритетот и довербата во процесите на донесување одлуки.

На настанот се очекува да се обрати претседателот на ДКСК, Адем Чучуљ. 

МИА

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести