Домашен сок од мента: Најдобро освежување за топлите летни денови

Домашниот сок од мента ќе ви го освежи телото за време на топлите летни денови, а освен што е вкусен, многу лесно се прави.

Сокот од мента се подготвува од свежи листови и гранчиња од растението нане. Пред подготовка потребно е добро да се измијат за да се отстранат нечистотиите и штетниците од листовите.

Во зависност од количината на сокот што сакате да го подготвите, можете да ја зголемите количината на состојките. Домашниот сок најдобро се чува на ладно место. Наведената количина на состојки е доволна за околу 5 л сок од мента.

Потребни состојки: 300 гр свежа мента

5-6 лажици шеќер

3 кесички лимонтус

3 литри вода

3 кг шеќер
Подготовка: Свежите листови мента измијте го со ладна вода за да ја отстраните прашината од него. Потоа ситно исечете ја со ножици или нож. Измешајте ја исечканиот мента со 5-6 лажици шеќер и лимонтусот и убаво изгмечете со раце. Се прелива со 3 литри вода и се остава да отстои 24 часа.

Откако смесата ќе отстои, процедете ја и добиената течност истурете ја во друг сад. Додадете шеќер во течноста и измешајте добро за шеќерот добро да се раствори. Оставете да отстои 24 часа и мешајте на секои 4-5 часа, потоа процедете ја во поголем сад. Додадете вода и сè добро измешајте. Добиениот сок истурете го во стаклени шишиња и затворете го со капаче. Можете да го консумирате веднаш.