На брегот на бугарското летувалиште Тјуленово на Црното Море е пронајден дрон од непознато потекло, кој според непотврдени информации носел експлозив.
Според бугарскиот портал „Novinite.bg“, дронот случајно е пронајден синоќа. Не е познато како завршил на бугарското крајбрежје, дали паднал од воздух или бил понесен од плимата.
Бугарското Министерство за одбрана денеска соопшти дека испратило специјална единица за проверка и деактивирање на дронот со експлозив, пренесе Ројтерс.
Туристичкиот град Тјуленово се наоѓа на 70 километри од романската граница и веднаш спроти Крим.
Порталот Нова.бг, повикувајќи се на изјави на очевидци, објави дека дронот бил долг од три до 3,5 метри и дека има прикачено експлозив.


