Малкумина знаат дека омилената принцеза Дијана освен нарушените односи со својот сопруг принцот Чарлс имала проблеми и со својата мајка.
Нејзиниот батлер Пол Барел раскажува дека бил присутен при еден телефонски разговор меѓу Дијана и нејзината мајка Франсис Шанд Кид, кој не поминал добро а во кој разговарале за односот на Дијана со хирургот Хаснат Кан и бизнисменот Гул Лалвани.
– „Она што го слушнав додека бев прилепен со увото до нејзиниот телефон беа навреди, пцовки и куп тешки закани за принцезата и нејзиното друштво. Вербален напад полн со омраза кон мажите и нивните религиозни убедувања“, се сеќава Барел.
Тој потоа раскажува дека Дијана ја спуштила слушалката и се заколнала дека повеќе нема да им контакт со својата мајка и дека никогаш повеќе не проговориле после тој телефонски разговор. Принцезата Дијана трагично загина во 1997 година а нејзината мајка починала седум години подоцна.


